ФОТО | Го собори рекордот: Бијонсе со најмногу Греми награди на сите времиња

Музичката ѕвезда Бијонсе на синоќешното доделување на наградите го собори рекордот на Греми, за најмногу освоени награди во кариерата, но повторно загуби во престижната категорија за албум на годината, од британскиот пејач Хари Стајлс.
View this post on Instagram
Бијонсе освои четири Греми, вклучувајќи и за најдобар денс/електронски албум, со што во својата кариера вкупно освоила 32. Рекордот со 31 трофеј досега го држеше починатиот диригент на класична музика Георг Солти.
View this post on Instagram
И покрај успехот низ годините, 41-годишната Бијонсе никогаш не освоила награда за најдобар албум. Хари Стајлс ја доби таа престижна награда за албумот „Harry’s House“.
View this post on Instagram
„Бев толку инспириран од секој уметник во оваа категорија“, рече изненадениот Стајлс при прифаќањето на наградата. Албумот на пејачката Лизо „About Damn Time“ е прогласен за албум на годината, а песна на годината е „Just Like That“ од Бони Рајт.
View this post on Instagram
Американската џез-пејачка Самара Џој е прогласена за најдобра нова уметничка. Раперот Бед Бани ја понесе наградата за најдобар албум за урбана музика за „Un Verano Sin Ti“. За најдобар рап албум е прогласен „Mr. Morale & the Big Steppers“ од Кендрик Ламар.
Номинираните за „Греми“ ќе добијат подароци во вредност од 60.000 долари
Бијонсе ги маѓепса обожавателите: Полугола за омотот на нејзиниот нов албум