Номинираните за „Греми“ ќе добијат подароци во вредност од 60.000 долари

греми
Фото: Profimedia

Греми е признание кое го доделува Националната академија за запис на звукот и уметностите на Соединетите Американски Држави со цел да се признаат изворедните достигнувања во музичката индустрија.

Утревечер во Лос Анџелес ќе се одржи еден од најпрестижните настани во музичката индустрија, наградите „Греми“, а номинираните ќе понесат дома вреќичка со подароци вредна 60.000 долари, дознава „Page six“.

Бијонсе со своите Греми статуетки во 2017 година / Фото: EPA-EFE/MIKE NELSON

Наводно, еден од најскапите подароци е ваучер за третман липосукција вреден 18.000 долари. Се подаруваат и други козметички третмани во вредност до 10.000 долари, а и сет накит од злато и кристал во вредност од околу 2.000 долари.

Oвогодинешните номинирани за музичката награда ќе добијат очила за сонце специјално дизајнирани за таа пригода и комплет производи за убавина во вредност од 515 долари. Ќе има и роботски чистач на базени вреден 400 долари.

Вреќичките со подароци, наводно, ќе содржат повеќе од 50 предмети, а таблоидите пренесуваат дека номинираниte за „Греми“, водителите, и изведувачите ќе добијат подароци. Така, Хари Стајлс, Шања Твен и Бед Бони се само некои од имињата кои вечерва ќе однесат дома подароци од 60.000 долари.

Криси Тајген и Џон Леџенд на црвениот тепих пред доделувањето на наградите Греми / 3 април 2022 / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Во пресрет на свечената церемонија, американските шоу-биз медиуми се фокусираа на луксузните подароци, на нивните насловни страници речиси и да немаше фотографии од номинираните.

За потсетување, поп иконата Бијонсе доби најмногу номинации оваа година, вкупно девет, што ја изедначи со нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи и најноминираните уметници на сите времиња.

Дуа Липа позира за време на престижните Греми награди/ 61во издание на Греми наградите 2019 / Фото: EPA-EFE/JOHN G MABANGLO

Бијонсе и Џеј Зи имаат комбинирани 88 номинации за музички награди со гласање од колегите. Џеј Зи оваа година доби пет номинации за неговиот придонес за песната „Renaissance“ на Бијонсе и „God Did “на диџеј Калед.

Бијонсе ги маѓепса обожавателите: Полугола за омотот на нејзиниот нов албум

Првата дама на САД ќе биде презентерка на Греми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот