Првата дама на САД ќе биде презентерка на Греми

Греми е признание кое го доделува Националната академија за запис на звукот и уметностите на Соединетите Американски Држави со цел да се признаат изворедните достигнувања во музичката индустрија.
Американската Академија за дискографски уметности и науки пред неколку месеци ги објави номинациите за 65. доделување на наградите Греми, кои ќе се одржат во Лос Анџелес на 5 февруари.
Како што наближува церемонијата, покрај номинациите беа објавени и имињата кои ќе ја имаат честа да ги доделат наградите.
View this post on Instagram
Годишната церемонија се одликува со настапи на познати изведувачи, а некои од наградите кој се од голем интерес се презентирани во телевизиска церемонија која има голема гледаност.
View this post on Instagram
Првата дама на САД, Џил Бајден ќе се појави на овогодишната свеченост за музичките Греми награди како презентерка, пишува „Ројтерс“, а притоа потврди и Белата куќа.
View this post on Instagram
Водител на доделувањето на Греми наградите годинава е комичарот Тревор Ноа. Свеченоста ќе се одржи на 6 февруари, рано наутро по македонско време.
View this post on Instagram
По номинациите, организаторите го објавија и составот на презентери, па на списокот се раперката Карди Би, поп-ѕвездата Оливија Родриго, актерите Двејн Џонсон, Вајола Дејвис, Били Кристал, како и комичарот Џејмс Корден и канадската уметничка Шанаја Твејн.
View this post on Instagram
Бајден не е единствената прва дама што досега се појавила на доделувањето на престижните Греми награди. И поранешната прва дама Мишел Обама беше на таа сцена во 2019 година, а година подоцна освои Греми за албум cо аудиоговор, за нејзините солидно продавани аудиомемоари „Becoming“.
Хилари Клинтон доби Греми во 1997 година како прва дама, за нејзината книга „It Takes a Village“.
View this post on Instagram
Оваа година со најмногу номинации е американска Р&Б пејачка Бијонсе – вкупно девет, со што се изедначи со својот сопруг, раперот Џеј Зи, за најноминирани уметници на сите времиња. Бијонсе и Џеј Зи имаат вкупно 88 номинации за музички награди – гласани од колегите. Џеј Зи оваа година доби пет номинации.
Покрај улогата на презентери, Дејвис и Кристал се и меѓу номинираните. Дејвис е почестена со внесувањето на нејзиното име во категоријата Најдобра аудиокнига, нарација и раскажување приказни за нејзините мемоари „Finding Me“. А пак, Кристал е номиниран за Најдобар музичко-театарски албум за „Mr. Saturday Night“.
Бијонсе ги маѓепса обожавателите: Полугола за омотот на нејзиниот нов албум