Шекеринска славеше 50-годишнина на „Песталоци“, Димитров оправдано отсутен (ФОТО)

Вицепремиерката Радмила Шекеринска вчера прослави 50-годишнина од постоењето на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, во скопската населба Буњаковец, општина Центар, каде што министерката за одбрана ги има поминато своите училишни денови.

Со неа заедно на фотографијата, која ја објави на „Фејсбук“, се и Паула Дабовиќ, најблиската соработничка на министерската Шекеринска, како и Лидија Јанчовска Христова, портпарол на Министерството за одбрана. Со нив од иста генерација на фотографијата на Шекеринска е и Олга Панго, директор на Македонска опера и балет.

„Мојата генерација од Песталоци! Среќни што сме повторно заедно!“, напиша Шекеринска на својот профил на „Фејсбук“.

Во ова училиште кое е изградено со швајцарска донација по скопскиот земјотрес и во таа чест го носи името на познатиот швајцарски педагог има учено и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој не дојде на прославата затоа што се наоѓа службено во Романија.

„Поради обврски во Романија, за жал денес ќе го пропуштам дружењето по повод 50 годишнината на нашето училиште “Јохан Хајнрих Песталоци”. Еден голем филозоф вели никогаш да не го заборавиме детето во себе. Толку многу должам за ветерот во едра, на мојата учителка Душка и на сите други прекрасни педагози во Песталоци. Тие беа како лакот за стрелата: ни дадоа добар правец и сила да се впуштиме во животот.

Вечно благодарен, Никола“, напиша Димитров.

Инаку забавата во училишниот двор траеше до доцна со програма и познати бендови за најмалите, но и за повозрасните кои одамна тука го завршиле основното образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот