Шекеринска и Димковски: Со ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 до рентабилно земјоделско производство и развој на руралната економија - Слободен печат
ВестиЕкономија

Шекеринска и Димковски: Со ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 до рентабилно земјоделско производство и развој на руралната економија

Ваквите успешни примери, покажуваат дека земјоделците ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови и инвестираат во модернизирање на сопственото производство, и знаат дека на крајот тоа ќе им се исплати.

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во битолското село Граешница, беа во посета на земјоделец корисник на мерките од ИПАРД 2 Програмата.

Земјоделецот  Гани Корчари е еден од многуте  успешни примери, којшто со помош на финансиски средства од ИПАРД 2 програмата, инвестирал во производството, односно во набавка на современа механизација. Конкурирал за мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 програмата за набавка на трактор и механизација за ѓубриво, за што преку ИПАРД му се вратени 22.225 евра.

„Ваквите успешни примери, покажуваат дека земјоделците ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови и инвестираат во модернизирање на сопственото производство, и знаат дека на крајот тоа ќе им се исплати. Со можноста којашто ја нуди оваа мерка од ИПАРД, за инвестиции во набавка на механизација, ќе се придонесе за рентабилно производство преку намалени трошоци за земјоделско производство и подобрување на квалитетот на земјоделските производи“, изјави министерот Димковски, додавајќи дека освен преку оваа мерка, намалувањето на производствените трошоци ќе се постигне и со мерката за кофинансирање за набавка на гориво за земјоделска механизација.

Димковски потенцираше дека заедно со Платежната агенција изминатиот период се работеше на олеснување на критериумите за мерките од ИПАРД и нивно приближување до земјоделците.

„Резултатите се видливи, ако порано за склучување на договори се чекало по една година, сега договорите од последните јавни повици се склучија по речиси два месеци од објавување на јавните повици. Сето тоа придонесе за само две години Република Северна Македонија да стане позитивен пример во регионот во делот на искористеноста на европските ИПАРД фондови“, изјави Димковски.

Само за првиот јавен оглас од ИПАРД 2 објавен во 2017-та година се склучени 947 договори и досега се исплатени околу 3,9 милиони евра. Огромен интерес земјоделците покажаа и за двете мерки од ИПАРД 2 програмата што се објавија со вториот повик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close