Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Шефовите на дипломатијата на земјите од Г7 избегнаа да одговорат за апсењето на Нетанјаху

Министрите за надворешни работи на водечките развиени земји од групата Г7 денеска изразија силна поддршка за прогласениот прекин на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах, најавија дополнителна поддршка за Украина, но го заобиколија прашањето дали ќе го спроведат меѓународниот налог за апсење на на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од судот во Хаг за воени злосторства во Газа, пренесе „Јуроњуз“.

Во последната изјава по нивниот состанок во Фјуџи, во близина на Рим, министрите на Г7 побараа од Израел „да обезбеди целосна, брза, безбедна и непречена хуманитарна помош во сите нејзини форми“ за Палестинците во Газа, предупредувајќи дека војната предизвикала „невидена несигурност во снабдувањето со храна“.

Министерот за надворешни работи на ЕУ во заминување, Жозеп Борел, денеска на маргините на состанокот на Г7 изјави дека „нема оправдување“ Израел да одбие да прифати прекин на огнот, велејќи дека сите негови безбедносни проблеми се решени со договорот постигнат со посредство на САД и Франција.

Борел рече дека според предложениот договор, САД ќе претседаваат со комитетот за спроведување на прекинот на огнот во Либан, додека Франција ќе учествува на барање на Либан.

Тој, исто така, повика на зголемен притисок врз Израел да не попушта пред екстремистите во владата кои одбиваат да го прифатат договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот