Шефовите на ЦИА и МИ6: Меѓународниот поредок е под закана, мора да се спротивставиме на агресивната војна на Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин EPA-EFE/KRISTINA KORMILITSYNA / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Меѓународниот поредок е под закана каква што не сме виделе уште од Студената војна, предупредија шефовите на контраразузнавањето на Велика Британија и САД. Шефовите на МИ6 и ЦИА, исто така, рекоа дека двете земји стојат заедно за да се спротивстават на „агресивната Русија и на агресивната војна на Путин во Украина“, пренесува „N1“. 

Во првиот заеднички напис во историјата, Ричард Мур и Вилијам Брнс во „Фајненшл тајмс“ напишаа дека ја предвиделе војната во Украина и дека успеале да ја предупредат меѓународната заедница, делумно со декласификација на тајните, за да му помогнат на Киев, пренесува Би-би-си.

Тие исто така рекоа дека работат на „попречување на непромислената кампања на саботажа“ низ Европа од Русија, на смирување на конфликтот меѓу Израел и Хамас и на антитероризам за да се спречи обновувањето на ИСИС.

Во својот коментар за Фајненшл тајмс, двајца разузнавачи пишуваат: „Нема сомнеж дека меѓународниот поредок – балансираниот систем што доведе до релативен мир и стабилност и овозможи зголемување на животниот стандард и просперитетот – е под закана на начин што не е виден од Студената војна“. Успешното спротивставување на овој ризик е основата на посебните односи меѓу Обединетото Кралство (ОК) и САД“.

Една од невидените закани со кои се соочуваат двете земји е војната во Украина, која трае веќе три години. Двајцата официјални лица го направија своето прво јавно појавување заедно на фестивалот FT Weekend во лондонскиот Kenwood House во саботата. Деталите за говорниците беа чувани во тајност до неколку минути пред да излезат на сцената. Заедно делуваа опуштено и ја истакнаа блиската соработка на нивните служби, пренесува „N1“.

Барнс пред присутните изјави дека неодамнешното заземање на руската територија од страна на Украина во областа Курск е значајна тактичка победа, но дека не гледа докази за слабеење на моќта на рускиот претседател Владимир Путин.

„Имаше повици од Украина до Западот да испорача повеќе оружје и да ги укине ограничувањата за неговата употреба во Русија. Неуспехот да се стори тоа понекогаш се припишува на стравувањата од реакцијата на Москва, но двајцата официјални лица велат дека тоа не треба да ја спречи поддршката за Украина. „Никој од нас не треба лесно да ги преземе ризиците од ескалација“, рече Барнс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот