Шарена пита од зеленчук подготвена за пет минути
Недела е, а совршено поминат ден недела би значело квалитетно време со семејството, спорт и уживање на скромното сонце, седмично пазарење, забавни активности, добра храна и секако… време за себеси.
Ова е рецепт кој безмалку умее да ги сплоти сите тие нешта, но и да ви отстапи време за вас, а сепак да уживате во вкусен оброк.
За овој рецепт треба да се искористи зеленчукот што моментално е на пазарите и е достапен, кој можеби утрово сте го набавиле, се сецка и се добива оваа фина, хранлива и полна со витамини пита.
View this post on Instagram
Состојки:
1 праз – не многу голем
1/2 црвена пиперка, а можеби и една обична жолта
100 гр спанаќ, блитва
3 компири, околу 600 гр
3 моркови
View this post on Instagram
Тесто:
4 јајца
4 лажици масло
4 лажици млеко
4 лажици брашно
1 прашок за пециво
1 лажичка сол, бибер по вкус
Повеќе: 50 – 100 гр тврдо сирење или кашкавал – н.п. гауда
View this post on Instagram
Подготовка:
Исечете го празот на прстени, пиперката на коцки и исечкајте го спанаќот.
Ставете сè во еден сад.
Исецкајте ги компирите и морковите, а потоа измешајте сè.
Вклучете ја рерната на 180 степени.
Јајцата се матат со сол и масло. Додадете млеко, брашно, бибер и прашок за пециво и измешајте сè.
Ставете го зеленчукот во оваа смеса и добро измешајте.
Во голем плех ставете хартија за печење и ставете ја целата смеса.
Израмнете и печете 25 минути.
По 25 минути, посипете со рендано сирење и ако сакате некои семки.
Печете уште 25 минути.
Изладете, за да не е жешко, потоа исечете го на коцки и послужете.
View this post on Instagram