Фото: instagram.com/chapecoensereal

Шапекоенсе се врати во бразилската елита девет години по ужасната трагедија

Пред девет години, на 29 ноември 2016 година, светот беше шокиран од веста за авионската несреќа во која загинаа 19 играчи, 20 новинари, 14 членови на тренерскиот штаб, седум членови на екипажот, девет службени лица на клубот и двајца гости. Преживеаја само шест лица: тројца играчи, еден новинар и двајца членови на екипажот.

Ова се случи додека играчите на Шапекоенсе патуваа на натпревар од Копа Судамерика против Атлетико Насионал. По оваа трагедија, која е една од најголемите во светот на спортот, самиот клуб доживеа многу турбуленции од финансиски аспект, и мораше да се формира нов тим.

Во последен момент, речиси се спаси од испаѓање во третата лига на бразилскиот фудбал, Серија Ц, што речиси ќе значеше крај за овој клуб.

Сепак, оваа сезона беше неверојатна приказна, Шапекоенсе покажа врвни резултати и во последното 38 коло од Серија Б се врати во Серија А, најсилната лига на бразилскиот фудбал.

Шапекоенсе го победи Атлетико ГО дома со 1:0 и ја заврши сезоната на третото место со 62 бода, а со оглед на тоа што четирите првопласирани екипи одат во бразилската Серија А, следуваше голема радост кај играчите и навивачите на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот