Шамар за турскиот клуб, Трабзонспор нема да игра од Лигата на Шампионите

epa08529527 Trabzonspor's Jose Sosa (2-L) celebrates after scoring 1-0 by penalty kick with teammates during the Turkish Super League soccer match between Galatasaray and Trabzonspor in Istanbul, Turkey, 05 July 2020. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Фудбалерите на турскиот Трабзонспор нема да има можност да играат во Лигата на шампионите наредната сезона, одлучи Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана.

Судот во Лозана ја отфрли жалбата на Трабзонспор кој сезонава заврши како второпласиран во турската Суперлига веднаш зад новиот шампион Башакшехир.
„Претходната одлука која ја донесе УЕФА е потврдена и Трабзонспор не смее да игра во европско натпреварување една сезона“, објави ЦАС.

Трабзонспор со ваква одлука и суспензија се соочуваше уште минатото лето поради кршење на финансискиот фер-плеј во 2016 година.

Турскиот тим имаше рок до 2019 година да ги исправи работите, но оваа одлука е доказ дека тие не ги почитувале препораките и насоките на УЕФА.
Одлуката беше донесена пред неколку месеци, но Трабзонспор се жалеше, а во меѓувреме ја загуби трката за титулата во турската Суперлигата и сега остана без настап во Европа.

На местото на Трабзон во квалификациите за Лигата на шампионите ќе игра Бешикташ, додека Сиваспор, Аланија и Галатасарај ќе играат во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот