Шаќир Фетаху е избран за поглавар на Исламската верска заедница

Шаќир Фетаху со 18 гласа „за“ и 3 „против“ е избран за поглавар на Исламската верска заедница.

Фетаху веќе седум месеци беше вршител на должноста поглавар на ИВЗ, откако претходниот поглавар Сулејман Реџепи беше разрешен.

Реисот Реџепи во периодот на пандемија даваше шокантни изјави и ги повикуваше верниците на големи верски собири и покрај општата забрана за тоа, а ќе остане запаметен по прогласот дека коронавирусот е победен и умрен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот