Шахпаска: Со заедничка работа ќе постигнеме социјална кохезија во пост-кризниот период кој следува

По повод Меѓународниот ден на жената,  8-ми Март, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се обрати на настанот организиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој беше презентирана „Анализата на влијанијата на КОВИД-19 врз родот и различностите”, нејзините главни наоди и препораки, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Како што стои во соопштението, анализата има за цел да даде одговор на прашањето на кој начин мерките преземени од Владата на Република Северна Македонија, влијаат врз жените и мажите, но и на различните социјални групи меѓу жените и мажите.

Во таа насока, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, изјави дека Министерството за труд и социјална политика, согласно своите надлежности, придонело мерките кои се креираат за справување со штетните последици од пандемијата со Ковид – 19, покрај другото, да бидат насочени кон ранливите групи на граѓани и истите да бидат родово сензитивни.

–  Предизвик е сите заедно да се посветиме на промена и прилагодување на целото општество кон новата реалност.  Овој настан треба да претставува мотив и започнување на  консултативен процес за нови законски решенија и нови мерки кои ќе ги таргетираат најпогодените групи, жените жртви на насилство, лицата со попреченост, повозрасните лица како и да помогнат во трансформација на економијата”, истакна министерката Шахпаска.

Таа информираше дека во завршна фаза е подготовката на нови законски решенија за родова еднаквост и за мобинг, кои ќе обезбедат дополнително унапредување на еднаквоста во општеството.

Амбасадорот на ОБСЕ во земјава, Клеменс Која, изрази уверување дека тесната соработка меѓу ОБСЕ и Министерството за труд и социјална политика, како и партнерите од граѓанскиот сектор, ќе нè доближи до постигнување на целта – родова еднаквост.

– Анализата која беше изработена од нашиот тим, заедно со Центарот за истражување и креирање политики и граѓанските организации Радар, Полио Плус, Рурална коалиција и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, покажува дека пост – кризните периоди на опоравување можат да обезбедат можност „работите да се направат поинаку” и да се изградат порамноправни системи и општества – да се изгради подобро, истакна aмбасадорот Koja, соопшти МТСП.

Потребата да се обезбеди унапредување на родовата еднаквост и да се спречи враќање назад, како што дополнува, бара од сите нас долгорочно да ги разгледаме родовите јазови кои се влошија поради пандемијата со Ковид – 19, иако факт е дека тие постоеја во општество и пред кризата во Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот