Сезоната во НБА може да продолжи, сите 344 тестови се негативни

Дури 97 проценти од кошаркарите во НБА лигата се вакцинирани против коронавирус/фото: EPA-EFE/WU HONG

Унијата на кошаркари во НБА лигата објави дека во сите 344 тестови кои се извршени од 20 јули досега, ниту еден играч не е позитивен на коронавирус.

Ова е втор пат НБА лигата и унијата на кошаркарите да издадат вакво соопштение во кое нема ниту еден позитивен тест што е доказ дека „НБА балонот“ во Дизни Ворлд во Орландо функционира според предвиденото.


НБА лигата ќе продолжи во ноќта помеѓу четвртот и петок кога треба да се играат натпреварите помеѓу Њу Орлеанс и Јута и ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс.

Во Дизни Ворлд во Орландо се сместени 22 екипи кои имаат шанси за плејофот и тие ќе го доиграат регуларниот дел од сезоната по што исто така во Орландо ќе се одигра и плејофот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот