Сестрата на исчезнатата Маријана од „Големиот брат“: Мислам дека не е жива, нејзиниот сопруг ги менуваше исказите во полиција

Маријана Зајферт / Фото: Фејсбук, Карло Зајферт/Скриншот, Јутјуб

На Маријана Зајферт, победничката на „Големиот брат“, од крајот на април  ѝ се губи секаква трага. Нејзината сестра Маја Ковачевиќ сега раскажа дека не се откажува од вистината.

Маријана Зајферт/Фото: Принтскрин/Јутјуб
„Ноќта кога Маријана најверојатно умирала, сонував како ние двете се поздравуваме. Утредента кога се разбудив, веднаш го зедов мобилниот и ѝ се јавив на сестра ми со која се немав слушнато еден месец. Не се јавуваше, а јас веќе тогаш имав чудно чувство“, раскажала Маја за „Слободна Далмација“.

„За жал, мислам дека веќе не е жива. Чувствувам дека ја нема. Само сакаме конечно да ја дознаеме вистината и да можеме од неа достојно да се збогуваме“, вели Маја, која верува дека вистината наскоро ќе излезе на виделина.

„Нашата потрага по вистината трае секојдневно, а колку повеќе откриваме, толку повеќе сме во шок. Едноставно, има многу работи што се чудни околу таа вечер кога исчезна. Нејзиниот сопруг Карло неколкупати ја промени изјавата во полиција. Не сакам со ова да кажам дека ѝ направил нешто, туку само нека каже што се случувало во станот, бидејќи сум убедена дека дошло до расправија меѓу нив. Мене сето тоа ми е многу чудно и додека не ја дознаам вистината, со него не можам да имам контакт, тешко ми е затоа што знам дека нема да можам да го гледам внук ми, но останувам при своето“, додава Маја.

Маја Ковачевиќ/Маријана Зајферт/ Фото: Курир.рс/Фејсбук/Принтскрин

 

Маријана исчезнала ноќта на 26 кон 27 април годинава откако го напуштила станот во загрепска Савица, каде живее со сопругот Карло Зајферт. Во моментот на исчезнувањето на себе имала кратка маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црни панталони со бело-црвена лента и светли патики, наведе загрепската полиција.

Наредното утро, на Мостот на младоста биле пронајдени нејзините документи и телефонот. На мостот нема камери, а Маријана наводно ја снимиле камерите ноќта на нејзиното исчезнување како излегува од зградата во која живеела со Карло и синот.

„Јас тоа видео не сум го гледала и додека не го видам, не верувам дека постои. Некако сè ми изгледа сомнително и изрежирано, но не од нејзина страна. Повторувам уште еднаш, не сакам во никого да го вперувам прстот. Луѓето ме прашуваат дали отишла некаде, но нема шанси тоа да го направила, затоа што никогаш не би ги оставила своите деца.

Маријана беше многу кревка и чувствителна, а „Големиот брат“ остави страшни и непоправливи последици врз нејзиното психичко здравје. Не можеше да го поднесе осудувањето од луѓето. Откако го роди синот беше во постпородилна депресија, но и покрај сè, не верувам и не сакам да помислам дека сакала да си направи нешто лошо“, рекла Маја, која смета дека полицијата не ја вршела својата работа како што треба.

„Ни понудија само оскудни одговори. Дека излегла од станот и се упатила кон мостот. Не разбирам зошто потрагата била фокусирана само на Сава, зошто не ја барале во Сљемен? Имавме информации дека би можела и таму да се наоѓа. Повторно ви велам, целата оваа приказна е многу чудна. Некој нешто мора да видел, па не може човек само така да исчезне“, заклучила таа.

Исчезна Маријана од „Big Brother“, жената која ја шокираше јавноста со бурната љубовна врска пред камерите

Петти ден се трага по победничката на „Големиот брат“: Нуркачите ја пребаруваат Сава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот