Исчезна Маријана од „Big Brother“, жената која ја шокираше јавноста со бурната љубовна врска пред камерите

Маријана Зајферт / Фото: Фејсбук, Карло Зајферт/Скриншот, Јутјуб

Исчезна Маријана Сеиферт, поранешната учесничка и победничка во регионалното реално шоу „Big Brother“. Исчезнувањето го пријавил нејзиниот сопруг, Карло Сеиферт, а хрватската полиција објави фотографии и информации за нејзиното исчезнување.

Имено, Маријана се оддалечила од својот дом во Загреб на 27 април. Во моментот на исчезнувањето, таа носела маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црни хеланки со бело-црвена лента и светли патики.

„Сѐ уште не се знае ништо. Не се чувствувам добро. Моментално сум дома, морам да се грижам за децата“, изјавил Карло за хрватскиот медиум „24 сата“.

Карло и Маријана станале родители на нивното прво заедничко дете во декември 2020 година, а поранешната учесничка во „Big Brother“ има и 14-годишна ќерка од првиот брак.

„Сите сме загрижени. Најмногу би сакал да се врати дома“, заклучил нејзиниот сопруг, додавајќи дека е во постојан контакт со родителите на Маријана.

Како потсетување, Маријана беше во брак со морнарот Ивица Чврљак кога се пријави во реалното шоу „Big Brother“ во 2011 година. За време на нејзиното учество во шоуто, таа се заљуби во српскиот музичар Никола Немешевиќ – Немеш, а нивната врска и сексуалните односи пред камерите ја разбрануваа регионалната јавност, која го осуди изневерувањето на Маријана.

По завршувањето на „Big Brother“, Маријана се разведе од нејзиниот сопруг Ивица за да ја продолжи врската со пет години помладиот Немеш, со кого стапи во брак во 2016 година. По само осум месеци брак, Маријана и Немеш ставија крај на нивната љубовна приказна.

По исчезнувањето на Маријана, се огласи и нејзиниот поранешен сопруг, Никола Немешевиќ – Немеш.

„Дознав пред 15 минути и сум шокиран. Не знам што да кажам, се надевам дека сѐ ќе заврши добро. Не сме во контакт долго време, така што не знам ништо за неа“, изјавил Немеш за српскиот медиум „Телеграф“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот