Даниел Сервер / Фото: МИА Архива

Сервер: Убеден сум дека Додик си ја купил поддршката во Вашингтон, тие ги поддржуваат неговите расистички ставови

Професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Даниел Сервер, е убеден дека претседателот на Унијата на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик „ја купил и платил“ неговата поддршка во Вашингтон, но сепак е збунет зошто американската администрација е „добро расположена кон Додик, а ладна кон Александар Вучиќ“.

„Претпоставувам дека Додик ја купил и платил својата поддршка во Вашингтон. Не очекувам дека луѓе како Каролина Левит, која секој ден лаже за Доналд Трамп, ќе зажалат што се сретнале со антимуслимански расист. Но загатката е следна: Зошто се пријателски расположени кон Додик, а кон Вучиќ заземаат ладен став?“, одговори Сервер на прашањето зошто говорот на омраза на Додик насочен против босанските муслимани е препознаен како безбедносно и политичко прашање во сегашните политички и административни кругови на САД, објави Радиосараево.ба.

Луѓето на Трамп што лобирале Додик да се тргне од американската „црна листа“ ставаат во џеб многу пари од договори со Република Српска – Слободен печат

 

Сервер наведува дека професионалците во Стејт департментот ќе бидат загрижени, но политичарите едноставно „го перципираат говорот на омраза на Додик како сличен на нивниот против муслиманите и имигрантите“.

„Администрацијата на Трамп се чини дека не само што ги одобрува, туку и ги поддржува расистичките и сецесионистичките цели на Додик“, рече Сервер.

Република Српска избра нова влада, премиер е повторно Саво Миниќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот