Серијата „Gossip Girl“ се враќа на малите екрани

озборувачка кристен бел gossip girl

Во неодамнешното интервју за „Entertainment Tonight“, актерската екипа и креаторите на претстојното обновување на тинејџерската драма „Gossip Girl“ дискутирале зошто е „неопходно“ Кристен Бел повторно да го позајми гласот на познатата „Озборувачка“.

Џошуа Сафран за списанието, изјавил дека креаторите Џош Шварц и Стефани Севиџ претходно рекле дека нема да бидат дел од обновата ако Кристен Бел одбиела да ја репризира улогата.

„Не беше разговор, Џош и Стефани рекоа, ако таа не сака да го направи тоа, сите треба да се откажеме“, вели Сафран. „Кога ѝ пристапивме Кристен рече: Се разбира дека сакам да го направам тоа. Нема „Gossip Girl“ без Кристен. Мислам, тоа не е само до гласот, туку и целото нејзино битие“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kristen bell (@kristenanniebell)

Тој продолжува: „Нејзината душа доаѓа преку нејзиниот глас и вие едноставно се чувствувате како да сте во шоуто. Без неа, кога чита некој друг за улогата, не е тоа-тоа, ама штом го слушнете нејзиниот глас, тогаш има смисла”.

Врз основа на истоимениот серијал на книги на авторката Сесили фон Зигесар, оригиналната „Озборувачка“ траеше шест сезони од 2007 до 2012 година. Серијата го претставуваше животот исполнет со драми на богати тинејџери кои живеат во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gossip Girl (@gossipgirl)

Во првата сезона од новата серија нема да се појавуваат старите добропознати лица во редовни улоги, но креаторот на серијата алудирал на можни гостувања.

Новата серија се случува девет години откако Ден Хамфри открил дека е „Озборувачката“, како што новата генерација на тинејџери од приватното училиште во Њујорк се воведени во надгледувањето на „Озборувачката“. Новата серијата ќе се осврне на тоа колку социјалните медиуми и пејзажот на самиот Њујорк се смениле низ годините. Овој пат, суштината на новата „Озборувачка“ нема да се врти околу мистеријата за тоа која е всушност „Озборувачката“, туку бил планиран нов пресврт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот