Серија А е полоша отколку што мислиме, видете што прави Милан во ЛШ

Антонио Касано смета Серија А е далеку од квалитетот на Премиер лигата или Ла Лига/ фото: EPA/MAURIZIO BRAMBATTI

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано смета дека квалитетот на Серија А е далеку од тој на лиги како Премиер лигата или Ла Лига и не смее да се смета за елитно натпреварување.

Според Касано, реалноста на Серија А е во најдобрите екипи да играат по натпросечни фудбалери, за разлика од минатото кога полните стадиони гледаа екипи кои беа преполни со фудбалски суперѕвезди.

– Италијанската лига е многу полоша отколку што мислиме. Тоа го покажува најдобрата екипа во Италија, Милан кој во Европа оствари катастрофален резултат во четири наптревари. Тоа ми потврдува дека Серија А е дури петта најдобра лига во Европа – изјави Касано во подкастот кај уште еден поранешен играч, Кристијан Виери.

Според коефициентите на најдобри лиги, најдобро домашно натпреварување е Премиер лигата, Ла Лига е втора, а Серија А е трета пред Бундеслигата и Лига 1.

Но, Французите го имаат ПСЖ, а Германците  го имаат Баерн Минхен и тоа се две екипи кои постојано се меѓу најголемите фаворити за триумф во Лигата на шампионите. За разлика од нив, првопласираната екипа во Серија , Наполи игра во Лигата на Европа, додека второпласираниот Милан по четири кола се уште нема победа во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот