Серена Вилијамс за Меган Маркл: Никогаш не сум слушнала за неа, не ја познавам (ВИДЕО)

твитер

Серена Вилијамс беше гостинка на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари во мај 2018 година, а сега за војвотката од Сасекс не сака јавно да разговара.

Серена во текот на видео разговорот со Наоми Кембел, кој се пренесуваше во живо, изјави дека никогаш не слушнала за Меган Маркл.

инстаграм

Наоми ја интересираше дали Серена е среќна што Меган, Хари и синот Арчи се преселиле во Лос Анџелес, но одговор не доби.

„Не знам за што зборуваш, не знам ништо за тоа“, изјави Серена обидувајќи се што побрзо да го заврши разговорот.

Кога Наоми продолжи да ја испрашува, Серена одговори: „Никогаш не сум ја видела, никогаш не сум слушнала за неа, не ја познавам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот