Серафимов: Лазаров верува во сите нас и затоа ние помладите добиваме поголема одговорност

Ракометарите де подготвуваат за настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка/ фото. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

Машката ракометна репрезентација се наоѓа во Маврово каде ја одработува првата фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство.

Десниот бек на репрезентацијата, Мартин Серафимов, е задоволен како се одвиваат подготовките и вели дека селекторот Кирил Лазаров има доверба во сите ракометари кои ги има на располагање.

– Подготовките течат одлично, а и верувам дека ќе продолжиме во овој ритам. Сѐ што работиме е точно и прецизно и секој си ја знае својата работа. Секако ние помладите знаеме да направиме почесто грешки, но затоа тука имаме квалитетен стручен штаб и поискусни играчи кои можат да ни даваат совети за како побрзо и поефикасно да се вклопиме во тимот и да ги намалиме грешките. Селекторот Лазаров верува во секој играч кој го има на располагање и затоа ние помладите добиваме сѐ повеќе одговорност на теренот. Се разбира честа е голема да си дел од вакви подготовки посебно пред настан како ЕП – вели Мартин Серафимов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот