Сепак има нешто повеќе од пријателство: Златан и Дилета биле на тајна вечера на Сардинија, а ги чувало обезбедување

Италијанскиот магачин „Чи“ пишува дека фудбалерот на Милан и атрактивната водителка се во тајна врска.

Италијанските медиуми повторно се распишуваа за аферата на Дилета Леота и Златан Ибрахимовиќ, а најдалеку отиде магазинот „Чи“ кој е познат по трачевите за познатите личности на Апенинскиот полуостров. „Чи“ пишува дека помеѓу фудбалерот на Милан и водителката има нешто повеќе од пријателство, односно дека се во тајна врска.

Дилета Леота/фото: Инстаграм

Дилета неодамна се раздели со момчето, боксерот Даниеле Скардино, а причината наводно е токму Златан Ибрахимовиќ.
Фудбалерот и атрактивната водителка своето пријателство го започнаа за време за снимање на рекламен спот, а „Чи“ пишува дека пријателството прераснало во љубов.

Неодамна на Сардинија тие биле забележани на вечера заедно со уште неколку пријатели, за да не посомнева јавноста дека помеѓу нив има нешто, но наредните чекори ги открија.

View this post on Instagram

Bruciata dal sole ☀️

A post shared by ?Diletta Leotta? (@dilettaleotta) on

Имено, само неколку дена откако Дилета Леота пристигна на одмор во Сардинија, се појави и Златан Ибрахимовиќ. Медиумите успеаја да дознаат дека тие двајца имале заедничка вечера во локален ресторан и тоа во приватен дел од објектот во кој биле присутни само Златан и Дилета, а пред влезот имало обезбедување.

Вечерата се случила веднаш откако Златан и неговата сопруга го завршиле својот одмор на француската ривиера, по што фудбалерот веднаш заминал на Сардинија.
„Според гласините, тие двајца, најпрво во одвоени групи пристигнале во ист ресторан. Што се случувало внатре не е познато бидејќи биле во дел од објектот кој е затворен за јавноста. Сепак,податокот дека и двајцата се нашле во ист ресторан и во исто време за шведските медиуми е доволно да заклучат за се поладните односи помеѓу Златан и неговата сопруга. Дилета се појави во неговиот живот токму кога почнаа да се влошуваат односите помеѓу Златан и сопругата“, пишува „Чи“.

Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер која е 11 години постара имаа две деца, Максимилијан и Винсент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот