Сеп Блатер ја критикуваше ФИФА: Апсурдно е Мундијалот да се растури на ваков начин

Фото: ЕPA-EFE/WALTER BIERI

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер ја критикуваше одлуката на Светската фудбалска организација Светското првенство во 2030 година да се одржи во шест земји на три континенти.

Мундијалот во оваа година ќе се игра во Мароко, Шпанија и Португалија, но првите натпревари ќе бидат одиграни во Уругвај, Аргентина и Парагвај по повод обележувањето на 100 години од првиот Мундијал на кој Уругвај беше домаќин.

Според Блатер кој беше претседател на ФИФА од 1998 до 2015 кога беше сменет поради корупција ова не е добра одлука.

„Апсурдно е Мундијалот да се растури на ваков начин. Завршницата на Светското првенство мора да биде компактен случај“, изјави Блатер за швајцарските медиуми, додавајќи дека ваквите промени не се добри за идентитетот на натпреварувањето.

Мислењето на Блатер е дека Мундијалот во 2030 година треба комплетно да се одржи во Јужна Америка.

„Од историски причини, Светското првенство во 2030 година би требало да се одрижи исклучиво во Јужна Америка“, заклучи Блатер.

Светското првенство во 2030 година ќе се одржи на три континенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот