Светското првенство во 2030 година ќе се одржи на три континенти

Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко, но три натпревари ќе се играат и во Јужна Америка.

Со Мундијалот во 2030 година ќе биде одбележано 100 годишнината од Светското првенство, па ФИФА се одлучи за една посебна организација.

Кандидатурата официјално ја добија Мароко, Португалија и Шпанија. Но, по повод големиот јубилеј натпревари ќе се играат и во три земји во Јужна Америка (Уругвај, Аргентина и Парагвај).

Уругвај е најмногу важен во овој јубилеј бидејќи таму се одигра првиот Мундијал, токму затоа во оваа земја ќе се одигра првиот натпревар, а следните два во Аргентина и Парагвај.

„Во поделен свет, ФИФА и фудбалот се обединуваат. Собранието на ФИФА, кое го претставува цел свет, едногласно се сложи за 100-годишнината да прославиме на најсоодветен начин. Како резултат на тоа, првенството ќе се одиграат дуели во Уругвај, Аргентина и Парагвај“, изјави првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот