Сензационални 126 милиони евра за Жоао Феликс! – Слободен печат
СпортФудбал

Сензационални 126 милиони евра за Жоао Феликс!

Атлетико Мадрид не се шегува, Бенфика потврди дека доби понуда за својот најдобар фудбалер Жоао Феликс од 126 милиони евра.

Бенфика објави дека понудата доаѓа од страна на Атлетико Мадрид, но истата не е се уште официјално прифатена ниту одбиена.

Шпанскиот клуб има намера ова лето да надомести за заминувањето на Антоан Гризман и во таквата цел очигледно дека нема да штеди пари.

За услугите на Феликс интерес покажаа и екипите од Манчестер, но најверојатно ќе пресуди желбата на младиот Португалец да настапува за Диего Симеоне. Постои и една опција поради која Бенфика може да ја одбие оваа понуда, еве и зошто.

Иако откупната клаузула во договорот на Феликс (19) е 120 милиони евра, а Атлетико понуди и повеќе од таа сума, Португалците можат да ја одбијат понудата, а причината е што „јорганџиите“ бараат исплатата да биде во рати.

Феликс ја импресионираше светската фудбалска јавност лани на 43 натпревари за Бенфика имаше 20 голови и 11 асистенции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close