Сензација, Рома прими шест гола на гостувањето кај Бодо

Фудбалерите на Бодо го приредија најголемото изненадување во европските купови оваа сезона/ фото: EPA-EFE/Mats Torbergsen

Екипата на Бодо Глимт го направи најголемото изненадување во европските купови оваа сезона, декласирајќи ја Рома со неверојатни 6:1 во третото коло во Лигата на конференции.

Гол шоуто го отворија домашните фудбалери преку Ботем во осмата минута, а веќе во 20. минута беше 2:0 по голот на Берг. Единствено што Рома успеа да направи е да го намали резултатот преку Перез 28. минута.
Во второто полувреме, Норвежаните постигнаа уште четири гола, два беа дело на Ботем, и по еден на Солбакен и Пелегрино за неверојатни 6:1 и сигурно најголемо изненадување во европските купови оваа сезона.

Изненадувачки пораз доживеа и Тотенхем кој е поразен со 1:0 на гостувањето кај Витесе. Единствениот гол го постигна Витек во 78 минута.

Фаворитската улога ја оправдаа Феенорд кој на донашен терен со 3:1 го совлада Унион Берлин како и Рен кој славеше со 1:2 на гостувањето кај Мура.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот