Сениорките ги дознаваат ривалите на патот кон СП 2021

фото:

Македонската репрезентација е дел од првиот шешир за претстојното извлекување на претквалификациските групи за следното женското ракометно Светско првенство.

Мундијалот во Шпанија ќе се одржи во периодот од 1 до 19 декември 2021 година. Во првиот шешир се уште и: Австрија, Белорусија, Словачка и Турција.

Втор шешир: Украина, Италија, Исланд, Швајцарија и Португалија.

Трет шешир: Литванија, Фарски Острови, Косово, Израел и Финска.

Четврти шешир: Грција и Луксембург.

Извлекувањето на квалификациските групи за СП 2021 е закажано за денес од 15 часот во Виена. Термините на одигрување на натпреварите се од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември.

Ќе се формираат пет групи (две со по четири, три со по три селекции), а прво и второпласираните обезбедуваат место во баражот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот