Семејствата во Кина отсега ќе можат да имаат три деца

Семејство во Кина/ Фото: EPA-EFE/WU HONG

Кина од денеска им дозволува на семејствата да имаат три деца, за да можат да го зголемат наталитетот на земјата, пренесува Би-Би-Си.

Ваквата регулатива е една од неколкуте усвоени на состанокот на лидерските државни заменици од Националниот народен конгрес на Кина (НПЦ).

Пекинг уште во мај најави дека ќе им дозволи на семејствата право на трето дете.

Таа одлука сега стана законска, заедно со неколку резолуции со кои ќе се постигне раст на наталитетот во Кина.

Најновите податоци на Кина покажаа дека има пад на наталитетот во земјата. Пред пет години, Кина ја укина политиката која траеше со децении, со која семејствата законски можеа да имаат само едно дете, а во новиот закон тие им дозволија да имаат максимално две деца. Но, ни таа политика не го подобри наталитетот во земјата.

Во Кина, трошоците за растењето на деца се многу високи, што ги тера семејствата во градовите да имаат две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот