Би-Би-Си: Кина ќе дозволи двојките да имаат до три деца

Промената во политиката на планирање на семјеството доаѓа по последниот попис, што се изведува еднаш на 10 години, што покажа дека кинеското население се зголемува со најбавно темпо во последните неколку децении, јави Би-Би-Си.

Кина денеска соопшти дека на секоја двојка ќе и дозволи да има до три деца, што означува крај на строгатата политика за две деца, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на државната агенција Ксинхуа, која посочи дека промената лично ја одобрил претседателот Си Џинпинг на состанокот на политбирото на Кинеската комунистичка партија.

Промената во политиката на планирање на семјеството доаѓа по последниот попис, што се изведува еднаш на 10 години, што покажа дека кинеското население се зголемува со најбавно темпо во последните неколку децении, јави Би-Би-Си.

Овие податоци извршија дополнителен притисок врз Пекинг да ги зајакне мерките за брачните двојки да имаат повеќе деца, со што ќе се спречи падот на популацијата.

Кинескиот попис, објавен на почетокот на овој месец, покажа дека минатата година се родиле околу 12 милиони бебиња, што е значително намалување од 18 милиони во 2016 година и најмал број на раѓања регистрирани од 60-тите години на минатиот век.

По објавувањето на резултатите од пописот,  се очекуваше Кина дае ги релаксира правилата за семејна политика. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот