Семејствата на загинатите во „Пулс“ денеска ќе одржат уште еден „Марш за ангелите“
Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ денеска повторно ќе излеза на протестен „Марш за ангелите“.
Препорачано
Маршот ќе започне подоцна од досегашните, во 18:05, симболично поради задоцнетата реакција на институциите.
Организаторите на маршот велат дека протестот има цел да се добие правда за загинатите млади луѓе, но истовремено е и за поддршка на повредените во трагедијата, па ги повикуваат и нивните блиски, роднини и пријатели да им се придружат. Пожарот не беше несреќен случај, туку масовно убиство, велат семејствата на жртвите.
Учесниците на маршот ќе тргнат од Паркот на револуцијата во Кочани, ќе продолжат низ трговскиот центар, потоа пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.
Организаторите ги покануваат сите граѓани кои ги поддржуваат нивните барања, да им се придружат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
29мин
-
39мин
-
43мин
-
43мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


