Полицајци во Босна / фото: профимедиа

Семејна трагедија во Босна: Ги убил тештата и сопругата, па си пресудил

Миро Пециреп на возраст од 54 години, кој утрово ја уби својата тешта и тешко ја рани сопругата во Кисељак, почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) поради повреди кои сам си ги нанел, објавија сараевските медиуми.

Во попладневните часови почина и неговата сопруга, Весна Пециреп од градот Јеховац кај Кисељак.

„На 18 мај во 17:40 часот, од страна на ОКЦ МУП Сараево не известија дека жртвата В.П., родена 1971 година, од Кисељак, починала во КЦУМ Сараево“, информираше сараевската полиција.

По пукањето, тој бил уапсен, а потоа бил префрлен во сараевскиот Клинички центар, каде што починал.

Обвинителството спроведува истрага на лице место, а околностите за оваа семејна трагедија сè уште се утврдуваат, според сараевските медиуми.

 

Крваво злосторство во Босна – напаѓач убил гости во куќа и го ранил домаќинот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот