Крваво злосторство во Босна – напаѓач убил гости во куќа и го ранил домаќинот

Во гратчето Шамац, во БиХ, на самата граница со Хрватска, вечерва се случило двојно убиство, а еден човек е ранет, јавува „Кликс“.

Полицијата трага по сторителот на ова дело, а порталот „Кликс“ јавува дека идентитетот на убиецот е познат на полицијата.

Ранетиот човек е пренесен во болница во Добој, каде е згрижен. За крвавото злосторство е известен дежурен обвинител.

„Кликс“ пишува дека вооружениот напаѓач дошол во приватна куќа, каде пукал и го ранил домаќинот и убил маж и жена кои биле дојдени на гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот