фото: Blic.rs

Семејно злосторство во Чачак: Син ги убил родителите, па се самоубил?

Иако првите информации беа дека станува збор за тројно убиство, сега се повеќе докази укажуваат на двојно убиство и самоубиство. Сомнежите се дека синот ги убил родителите, но што точно се случило зад затворените врати на оваа семејна куќа дефинитивно ќе се знае само кога ќе се соберат сите докази и кога инспекторите ќе ги „наредат сите коцки“.

Три члена на семејство од Босна и Херцеговина се пронајдени мртви утрово во нивната семејна куќа во Чачак, Србија. Безживотните тела на таткото, мајката и синот биле пронајдени утрово околу 10 часот, а полицајците биле сведоци на морничава сцена.

Токму куќата каде што се случила крвавата трагедија има посебно историско значење за целиот град, објавија српските медиуми.

Куќата на ужасите во Чачак беше тешко оштетена за време на бомбардирањето на НАТО на Србија во 1999 година, кога беше погодена од залутан проектил, а  набргу потоа беше обновена на сметка на градот, па затоа сè уште го има типичниот изглед на зградите во овој регион.

Како што неофицијално дознава Телеграф, полицијата интервенирала по повик, а во куќата ги пронашле телата на 47-годишен маж и на неговите родители, кои имаат околу 75 години.

Според неофицијални информации, помладиот маж имал убодни рани во пределот на градите, додека неговиот татко и мајка имале рани на вратот, најверојатно предизвикани од нож.

Бројни форензички екипи се на терен и ја пребаруваат секоја соба во куќата за докази што би можеле да фрлат светлина врз тоа што точно се случило.

Иако првите информации беа дека станува збор за тројно убиство, сега се повеќе докази укажуваат на двојно убиство и самоубиство. Сомнежите се дека синот ги убил родителите, но што точно се случило зад затворените врати на оваа семејна куќа дефинитивно ќе се знае само кога ќе се соберат сите докази и кога инспекторите ќе ги „наредат сите коцки“.

На улицата каде што се случило злосторството, сите се вознемирени и се во шок. Соседите имаат само пофални зборови за семејството.

„Тие дојдоа од Босна и Херцеговина, прекрасни, вредни и чесни луѓе. Не живееја таму постојано, туку доаѓаа од време на време. Колку што знаеме, нивниот син живееше во странство. Никој никогаш немал никакви проблеми со нив, ова е вистинска трагедија“, вели еден од соседите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот