Селтик за два гола поблиску до групите на Лига Европа

Шкотскиот гигант Селтик ја доби првата битка против холандскиот АЗ Алкмаар/Фото: EPA-EFE/Bo Amstrup

Во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групите на Лига Европа Селтик на домашен терен со 2:0 го совлада АЗ Алкмаар.

После првото полувреме водеше шкотскиот клуб со 1:0 со голот на јапонскиот интернационалец Фурухаши во 12 минута од средбата.

Конечниот епилог беше поставен во 61 минута кога Јапонецот овојпат беше асистент, а стрелец Форест.

Реванш мечот ќе се игра на 26 август во Холандија. Победникот ќе се најде во групите на ЛЕ, а поразениот во групната фаза на Конференциската лига.

Потсетување дека во вторникот Црвена звезда обезбеди убедлива предност против романскиот Клуж (4:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот