СЕЛФИ СО СТРАШНИ ПОСЛЕДИЦИ: Пукала во другарката, ѝ го разнела половина лице!

полина селфи
Фејсбук

Две тинејџерки од Украина се во центарот на вниманието поради ужасниот крвав настан до кој дошло само поради обид за кул селфи.

Полина Гордик има 17 години. Нејзината другарка Вероника ја земала ловечката пушка на татко ѝ и сакале да се фотографираат со оружјето. Но, ниту една од нив не можела да знае дека Вероника случајно ќе испука и дека ќе го доведе на раб животот на најдобрата другарка.

Метакот ја погодил Полина над носот, кршејќи голем дел од черепот. Таа преживеала и итно била префрлена во болница, каде лекарите и хирурзите ја оперирале седум часа. Подоцна ќе треба да оди и на реконструкција на лицето.

Полицијата истражува дали семејството на Вероника легално и правилно ја поседувало оваа пушка.

Засега Полина комуницира со знаци, а се очекува по неколкуте пластични операции повторно да може да зборува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот