Селена Гомез искрена „Сите мои поранешни момчиња мислат дека сум луда“

Instagram
Фото: Instagram

Селена Гомез за време на снимањето на Јутјуб туторијалот призна дека сигурно сите нејзини поранешни момчиња мислат дека е луда.

„Знам дека сите тие мислат дека сум тотално луда, но не ми е грижа“, изјави во оваа прилика.
Во нејзините поранешни момчиња спаѓа и познатиот пејач Џастин Бибер, а Селена се пошегува и дека никогаш нема да се венча.

„Се надевам дека во иднина сепак ќе најдам сродна душа. Но, тешко е да излегувате на состаноци сега кога е карантин“, рече таа и напомена дека нејзиното признание не е повик за момците да ја канат на состанок.

Фото: Инстаграм

 

„Смешно е што објавувам песни во кои зборувам дека сакам да најдам момче што поскоро, а во реалноста не е баш така. Со мажите е тешко“, додаде Гомез.

Селена долго време им привлекуваше внимание на светските медиуми поради својата проблематична врска со Бибер. После повеќе прекинувања и смирувања, тие одлучиле секој да продолжи по својот пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот