Селекторот Ѓоровиќ го одбра тимот за квалификацискиот турнир во Рига

Фото: kfsm.mk

По исто „сценарио“ до уште подобар резултат, односно некоја победа на претстојниот квалификациски турнир кој од 6-8. февруари ќе се одржи во главниот град на Летонија – Рига.

Селекторот Владимир Ѓоровиќ одлучи во подготвителниот период и средбите со репрезентациите на Хрватска и Летонија да им даде доверба на 15.кошаркарки.

– Сакам кажам дека за овој февруарски „прозорец“ на ФИБА и квалификациските дуели во Летонија беа планирани уште неколку кошаркарки. Во прв ред, Јелена Антиќ, која е на посебни третмани за опоравување во Катар. Потоа Александра Стојановска, која за жал не е комплетно заздравена по операцијата на скочниот зглоб, и Кожобашиоска, која од пред неколку дека е во карантин во Италија. На поширокиот список не се Селцова и Митрева, кои сеуште се во рехабилитациска фаза после оперативните зафати во изминатиот период – појаснува предводникот на нашата најдобра женска селекција.

Во првите денови од седумдневните подготовки во Охрид, ќе го нема и капитенот Анџелика Митрашиновиќ, поради претходно планирани клупски обврски.

– Таа има натпревар со својот клуб Будуќност во WABA лигата. На 26 јануари играат во Бугарија, следниот ден се враќа во Скопје, а на 28 jануари очекувам да ја имаме на тренинг во Охрид. Исто така сакаме Девана Бонер да биде со нас пред да заминеме за Летонија. Но, ќе видиме како ќе го организира наредниот период, со оглед на тоа што по настапите во ФИБА Еврокупот, сака на кратко да се врати во САД, по што би следувало нејзиното приклучување на останатите девојки во тимот – дополнува Ѓоровиќ.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ЦИКЛУС НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП

Нена Трајчевска

Матеа Николиќ

Анџелика Митрашиновиќ (Будуќност-Црна Гора)

Ивана Кметовска (Баскет КАМ)

Катерина Поп Димитровска (Баскет КАМ)

Драгана Јоловиќ (Бадел 1862)

Сања Адамовска (Бадел 1862)

Цветанка Димова(Бадел 1862)

Ивона Пејковска (Вардар)

Јована Петрушевска (Вардар)

Габриела Модева (Струга2009)

Матеа Атанасовска (Палаванестро В-Италија)

Елена Тасевска (Палаванестро В-Италија)

Софија Лазареска (Милано БС-Италија)

Девана Бонер (Елитцур Рамла-Израел)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот