Селекторот Ашаданов го објави поширокиот список на кошаркарки за квалификациите за ЕП 2023

Дебито на клупата на женската репрезентација, Александар Ашаданов ќе го има на 11 ноември против Германија/ фото: КФСМ

Новиот селектор на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов, го објави списокот на кошаркарки на кои планира за квалификациите за Еврoбаскетот во 2023 година.

За натпреварите против Германија и БиХ, Ашаданов повика вкупно 24 кошаркарки. Селекторот до стартот на подготовките кој е закажан за 4. ноември ќе разговара со кошаркарките по што ќе биде познато кои од нив ќе се појават на подготовките во Скопје.

Првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2023 година кој ќе се игра во Словенија и во Израел, кошаркарките првиот натпревар ќе го играат на 11. ноември во Хале против Германија. Вториот натпревар против Германија ќе се игра на 14. ноември, во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот