Села му одговори на Меџити: Услов за влез во Владата е Бадентер во Уставниот суд
Според него, ова е неопходен чекор за да се гарантира еднаквост и правична застапеност, особено за немнозинските заедници во земјата. Тој додаде дека без исполнување на овој услов, не може да има договор за влез во Владата
Лидерот на крилото на Алијанса за Албанците Зијадин Села одговори на изјавите на Изет Меџити дека е можно АА да стане дел од Владата. Села вели дека секоја дискусија за вклучување во извршната власт мора да се базира на јасни политички услови. Тој подвлече дека приоритет за Алијанса за Албанците останува имплементацијата на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд.
Препорачано
Според него, ова е неопходен чекор за да се гарантира еднаквост и правична застапеност, особено за немнозинските заедници во земјата. Тој додаде дека без исполнување на овој услов, не може да има договор за влез во Владата, пренесува Тетова 1.
Меџити на брифинг со новинарите минатата недела рече дека од „Вреди“ очекуваат дека по формализирањето на партијата кон нив ќе се приклучат и други политички субјекти, организации и поединци. Сепак, како што нагласија, единствен исклучок ќе биде Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Од коалицијата оценуваат дека по 9 мај кога е конгресот на Вреди, ќе започне ново политичко преструктурирање во албанскиот политички простор и изразија уверување дека значаен дел од членството и структурите на ДУИ, особено од вториот и третиот ешалон, ќе преминат во Вреди.
Од Вреди брифираа дека има разговори на пониско ниво со Алијанса за Албанците на Села за нејзин влез во Владата.
Градоначалникот на Чаир и копретседател на Вреди, Меџити, во гостување на ТВ 24, не ја исклучи можноста Алијанса предводена од Села, да ѝ се приклучи на Владата. Тој посочи дека комуникацијата се одвива на повеќе нивоа, а вратата за евентуално приклучување е „подотворена“.
-Постои опција Зијадин Села да ѝ се приклучи на Владата. Вратата му е подотворена, комуницираме на различни нивоа – кажа тој.


