Секој ден создаваме биоотпад: Време е да започнеме со компостирање!

pixabay

Компостирање е активност која треба да биде „домашна задача“ на секој од нас. Не само што е одржлив начин за отстранување на остатоците од храна во кујната и градинарски отпад, туку е начин сами да си произведите природно ѓубриво.

Компостирањето е процес на враќање на органскиот материјал во почвата од каде што потекнува, повторување на кругот што се создава во природата.

Компостот се добива од разни видови органски отпад и тоа: лушпи од зеленчук и овошје, трева, лисја, слама, леб, суви растенија и гранки, нокти и влакна, талог од кафе и чај.  Кога сето тоа ќе се разложи, добиваме огрански хумус!

Не ви треба огромна градина за да почнете со компостирање, тоа може да го правите и во најмалата градина или балкон.

Кери Коноли, основачка на градинарско училиште во Северна Ирска објаснува дека домашниот компост е рециклирано добро што може да го користите за потхранување на вашите растенија.

Компостирањето е активност во текот на целата година. Според Кралското хортикултурно друштво, крајот на летото до почетокот на зимата е идеално време да почнете со правење компост.

Како да изберете добро место за компост?

Навистина е важно да се избере совршено место за компостирање. Најдобро е компостот да не го чувате некаде каде што има многу влага или многу промени во температурата. Затоа што микроорганизмите што го претвараат отпадот во компост претпочитаат постојани услови.

Најдобро е да изберете место каде има по малку сенка, „за да не се исуши во сончевите денови или да се раскашави во влажни временски услови“.

Каков вид на канта за компостирање треба да користите?

Кантите за компостирање може да бидат во сите форми и големини, од пренаменети дрвени палети или стари буриња до компактни пластични канти. Во помалите канти процесот се одвива побавно за разлика од големите.

Чести проблеми со компостирање со лесни решенија:

Вашиот компост изгледа премногу сув или мувлосан? – додадете вода!

Се собираат муви и други инсекти? – Секогаш бирајте канта со капак, држете ја затворена!

Кога сме во финална фаза и имаме природно ѓубриво?

На компостот му е потребно време, затоа што природниот процес на скапување е бавен. Ќе бидат потребни од шест месеци до две години за да се добие зрел хумус. Неговата боја треба да стане темно кафеава со ронлива текстура налик на почва и мирис на влажна шума.

Кога ќе дојдете до таа фаза, органското ѓубриво може да го искористите за потхранување на вашите растенија, да го подарете на пријатели или едноставно да го истурите кај најблиското дрво или во најблискиот парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот