
Сејдини: Приоритет до билетите за следење на ЕП да имаат сите медицински лица!
Македонската сениорска репрезентација со триумфот над Грузија во Тбилиси обезбеди историски пласман на Европското првенство кое ќе се одржи наредната година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Поради ситуацијата со ковид-19 дуелите годинава се играа репрезентативните мечеви без присуство на публика, а секако сите посакуваме што побрзо да заврши пандемијата, дека наскоро полека, но сигурно ќе се враќаат и навивачите на стадионите.
На тоа се надева и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој заедно со Управниот одбор споделува една благодарна иницијатива, а се однесува на распределбата на влезниците за Европското првенство во 2021 година.
И натаму нема официјална одлука од УЕФА дали ЕП ќе се организира со навивачи или пред празни трибини, планот на ФФМ е доколку ситуацијата со пандемијата се стави под контрола, први до билети да ја гледаат Македонија на континенталниот собир да добијат сите медицински лица кои моментно најмногу се борат против ковид-19.

– Драги пријатели и поддржувачи на македонската репрезентација, би сакал заедно со Вас да споделам една благодарна иницијатива која заедно со Управниот одбор на федерацијата ја преточивме во одлука, а се однесува на распределбата на влезниците за Европското првенство во 2021 година.
Иако во моментот сѐ уште нема конечна одлука од УЕФА за бројот на влезниците за натпреварите од ЕУРО 2020, бидејќи здравствената ситуација може да наложи и да нема присуство на гледачи на стадионите (најнепосакувано сценарио за сите нас), сепак има надеж дека публика ќе има и секоја федерација ќе добие дел од влезниците за натпреварите на Европското првенство.
Затоа одлучивме како награда, доколку ситуацијата со пандемијата се стави под контрола, како резултат за натчовечките напори и заложби кои секојдневно ги прават за заштита на нашето здравје во изминатиот период, а очигледно и во периодот што следува, приоритет за добивање на билети за следење на настапите на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство да имаат сите медицински лица кои се во првите редови во борбата против ковид-19 (доктори, сестри, технички персонал).

Јасно ми е дека ова е премалку, но чувствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста и повеќемесечниот труд што го вложуваат за да нѐ заштитат сите нас. Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности.
Најсреќен би бил кога во јуни 2021 година нашите медицински лица би ги замениле маските и скафандерите со навивачки реквизити, кога трагите од нив и уморот на нивните лица ќе ги заменат со насмевки за головите што нашите ќе ги постигнат на Европското првенство. Останете во добро здравје, чувајте се и бидете солидарни и со другите околу вас. Заеднички и во одлично расположение да го дочекаме Европското првенство и да се радуваме заедно со нашите момци – вели Сејдини, претседател на ФФМ.
Македонија на Европско!
Благодарност до сите медицински лица!
Напред Македонија, ЕВРО 2020
Шукер: Четири сценарија за ЕП? Јас сум само за првата опција!