СЕХА: Вардар драстично „ослабен“ за кинескиот тест!
Во вторник „црвено-црните“ ќе гостуваат кај дебитантот во регионалното натпреварување, кинеската екипа на Пекинг СУ во Загреб (Хрватска). Тоa ќе биде последна „контрола“ пред дуелот со белорускиот Брест Мешков во Лигата на шампионите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ракометарите што беа со своите репрезентации директно заминуваат за хрватскиот главен град, а оние што тренираа во Скопје денеска ќе им се приклучат. Вечерва ќе тренираат заедно, а утре натпреварот е закажан за 17.15 часот. Веднаш по мечот се враќа македонскиот шампион во Скопје и почнува со подготовките за средбата од ЛШ.
Павел Атман и Сергеј Горпишин се повредени и остануваат во Скопје да им биде извршен лекарски преглед, а Сташ Скубе е болен и доби препорака неколку денови да не тренира и да мирува. Тие се приклучуваат на Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште не почнале да играат.
– Имавме долг и напорен пат за време на ЕХФ неделата. Сега веднаш почнуваме со натпревари. Можеби на хартија Пекинг е аутсајдер, но ние никогаш не го потценуваме ривалот. Сакаме да одиграме максимално, бидејќи ова е сепак официјален натпревар. Пекинг од натпревар во натпревар игра подобро, и ние секако тоа го сфаќаме сериозно. Имаме проблеми во нашиот тим, но, секако сите други ќе дадат се од себе – рече Едуард Кокшаров, тренерот на Вардар.


