СЕХА: Еурофарм Работник немоќен во Мешков!

Фото: seha-liga.com

Уште од самиот старт Белорусите направија клучна серија од 6:1 во осмата минута од средбата, а во 19 минута негативата стана уште поголема „минус девет“ (13:4).

Во вториот дел не се промени нешто драстично на резултатски план, успеаја ракометарите на Алушовски да намалат и се доближат на 21:17, но тоа беше сè што направија во обидот да го направат мечот барем малку понеизвесен.

Повторно противникот се одлепи и ја зголеми позитивата која во самиот финиш беше дури и „двоцифрена“ (30:20).

Кај домаќините доминираа Микита Ваилпау со шест погодоци, по пет запишаа Артсјом Кулак и Андреј Јуринок. Во нашиот претставник крилото Гоце Ојлески со пет голови, Елмир Граџан, Мартин Велковски и Милан Ѓукиќ реализираа по четири.

На табелата во групата „Б“ води Веспрем со 12 бодови, пред Еурофарм Работник со девет, следуваат Мешков Брест и ППД Загреб со по шест, три има Метаплопластика, а без бодови е Спартак Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот