Седуммина обвинети за нередите пред Собранието ги признаа делата и добија условни казни

протести скопје француски предлог вмро дпмне левица
Протест против францускиот предлог / Скопје, јули 2022 / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Седуммина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, добија условни казни откако признаа вина пред Кривичниот суд во Скопје. На еден обвинет, кој не призна вина, ќе му се суди во издвоена постапка.

На седумтемина кои признаа вина судот им изрече условни двегодишни затворски казни, доколку во следните четири години сторат кривично дело. Тројца од обвинетите се средношколци на 18-годишна возраст. Тие беа обвинети за учество во толпа и за фрлање со бекатон и камења кон собраниската зграда и полицајците во кордоните. Собранието пријавило штета од околу 9.200 евра, која ќе треба да ја платат осудените.

Инцидентите се случија на 5 јули, за време на протестите пред Собранието, когаво еден момент ситуацијата ескалираше и демонстрантите почнаа да фрлаат со бекатон плочки, шишиња и сѐ што ќе им се најдеше при рака, и кон полицијата, но и кон собраниската зграда во центарот на Скопје. Притоа, од полицијата информираа дека се оштетени полициски возила и се демолирани двете полициски куќарки пред Собранието. Штети беа предизвикани и на собраниската врата, искршени беа бројни прозорци од законодавниот дом и беа откорнати бекатон плочки од патеката пред парламентот. Десетици полицајци се жалеа на повреди за време на протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот