Седум ракометари и тренерот Стевче Алушовски го напуштија ГРК Охрид
Пред почетокот на последниот натпревар од сезоната 24/25 од македонската ракометна Суперлига, ГРК Охрид им изрази благодарност на тренерот Стевче Алушовски и седум играчи кои на крајот од оваа сезона ќе го напуштат клубот.
Препорачано
Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Никола Јукиќ, Живан Пешиќ, Хироки Матсуока, Горан Крстевски и Циао Винициус, кои, по завршувањето на првенството си заминуваат од клубот.
Воедно, клубот му се заблагодари и на некогашниот капитен и долгогодишен член на екипата, Крсте Андоновски, кој ја завршува играчката кариера и во иднина ќе биде дел од тренерската структура на клубот.
– На сите нив ГРК Охрид им посакува успех во понатамошната кариера. Како клуб направивме напори да го задржиме со договор и Петар Николоски на кого му дадовме шанса и оваа сезона со првиот тим, но од негова страна бевме одбиени – стои во објавата на ГРК Охрид.
Во изминатиот период ГРК Охрид ги промовираше новите засилувања Стефан Петриќ, Ориол Реј Моралес и Илија Трајчески.
Потсетување дека нов тренер на клубот од следната сезона ќе биде Србинот Борис Ројевиќ.


