Седум членови на Академија ФМП позитивни на ковид-19

Фото: facebook.com/akademijafmp

По добиените насоки од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје каде што им беше посочено дека целиот тим треба да замине во карантин, поради контакт со лица позитивни на ковид-19 и дополнително да бидат извршени тестирања на одредени членови на екипата.

Од последните тестирања кои беа извршени во текот на вчерашниот ден во консултација со Институтот за јавно здравје, според резултатите кои кошаркарскиот клуб Академија ФМП ги доби во текот на денешниот ден клубот соопштува:

– Во нашиот тим има седум позитивни случаи на вирусот ковид-19, од кои шест од играчкиот кадар и еден член на стручниот штаб. Сите членови позитивни на вирусот се во добра и стабилна состојба, без поголеми нарушувања на своето здравје и истите со останатиот дел од екипата остануваат во самоизолација.

КК Академија ФМП им посакува лесно и брзо справување со вирусот и да се чува сопственото здравје и здравјето на најблиските и да се следат и почитуваат протоколите и препораките зададени од надлежните институции – соопштува КК ФМП Академија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот