Седмо олимписко злато за кошаркарките на САД, Тораси и Бирд испишаа историја

EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Женската кошаркарска репрезентација по седми пат едноподруго го освои златниот медал на Олимписките игри и ја продолжи доминацијата на најголемиот спортски самит.
Американките во големото финале славеа над домаќинот Јапонија со 90:75.

Победата во финалето беше 55. триумф по ред Олимписките игри, а легендарните Сју Бирд и Дајана Тораси се запишаа во истопријата како единствени спортистки кои имаат по пет златни медали во екипните спортови.

 

Кошаркарите на САД имаат и три титули по ред на Светските првенства, додека нивниот противник во финалето го оствари најголемиот успех, претходниот успех на јапонските кошаркарки беше петтото место на Игрите во Монтреал 1976 година.


Американките уште на стартот направија двоцифрена предност (16:5), но противникот успеваше да остане во игра се до средината на третата четвртина. Тогаш Американките заиграат поангажирано и многу брзо направија предност од 24 поени (73:49) со што ги решија дилемите околу победникот.

Бритни Грајнер беше најефикасна со 30 поени, Ејџа Билсон даде 19, додека Бриана Стјуарт имаше 14 поени и 15 скокови. Во селекцијата на Јапонија, Маки Такада даде 17 поени, а Нако Мотохаши уфрли 16 поени.
Бронзениот медал го освои селекцијата на Франција која вчера ја совлада Србија со 91:76.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот