Седмо место за Вероника Костовска на Светската Карате Премиер Лига во Истанбул
Вероника Костовска беше единствениот претставник од Карате Федерацијата на Македонија на Светската Карате 1 Премиер лига што се одржува во Истанбул, Турција, од 23 до 25 јануари 2026 година.
Препорачано
Нашата натпреварувачка во категоријата сениорки жени до 61 килограм забележа три победи против Олександра Шолохова (Украина), Анастасија Семененко (Германија) и Анастасија Чупина (ВКФ).
Костовска во следната борба претрпе пораз против Ајжан Бакирова од Казахстан, по што во конечниот пласман го освои седмото место.
Со Вероника Костовска на ова престижно натпреварување беше и селекторот, а воедно и нејзин тренер Александар Кузмановски.
Овој голем карате-настан, кој овој викенд ги собра најдобрите судии и спортски авторитети. Нашата земја на овој настан ја претставуваа и судиите од Карате Федерацијата на Македонија, во состав Боби Војдиновски, Раде Стефановски и Валентина Пурдеска кои уште еднаш покажаа висок професионализам, интегритет и беспрекорна посветеност кон својата задача, достојно претставувајќи ја нашата држава на меѓународната сцена.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
8час
-
9час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


