Седлоски разговарал со Ристовски и Адеми: Вратата во репрезентацијата за никого не е затворена
Покрај најавата за утрешниот натпревар против Ирска, селекторот Гоце Седлоски на денешната прес-конференција откри и дека разговарал со Стефан Ристовски и Аријан Адеми за нивно потенцијално враќање во репрезентацијата.
Препорачано
Можеби дел од јавноста кај нас очекуваше Ристовски кој имаше конфликт со Милевски да биде во составот по промената на селекторот, меѓутоа тоа не се случи.
Исто така го немаше ниту Аријан Адеми. Поради ситуацијата со Александар Трајковски кој одлучи да се повлече поради незадоволство, Седлоски зборуваше на оваа тема.
„За никого вратата на репрезентацијата не е затворена, разговарав со Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Во јуни сигурно ќе мора да има новини и освежувања за она што следи во Лигата на Нации.. Кој не сака да игра за Македонија не можеме да го натерам да игра. Секој што е тука треба да знае дека игра за Македонија не за мене. Никој во првиот тим нема резервирано место со загарантирана минутажа“, изјави Седлоски.
Натпреварот со Ирска го играме утре во терминот од 20:45 часот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


