Седлоски: Поблиску сме до второто коло, но ни следува реваншот во Гибралтар

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски/Фото: fcshkupi.com

Шкупи со една нога во второто квалификациско коло на Лигата на шампионите по победата во Скопје над Линколн Ред Импс (3:0).

Македонскиот шампион е фаворит на овој двомеч, а тоа треба да се потврди и на реваншот во Гибралтар на 12 јули на стадионот „Викторија“ (18.00 часот) кој ќе се игра на вештачка трева.

Тренерот на чаирчани, Гоце Седлоски поради победата и остварениот резултат на Националната арена „Тодор Проески“, но и дека неговите играчи ќе бидат претпазливи на возвратната пресметка во која ќе се обидат повторно да покажат добри перформанси.

Победникот од овој двомеч во второто квалификациско коло во ЛШ ќе игра со Динамо Загреб.

– Им честитам на моите играчи, ги исполнија задачите на теренот. Поблиску сме до второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, но ни претстои и реваншот во Гибралтар кој треба да го одиграме. На теренот во Скопје бевме со еден фудбалер помалку повеќе од 30 минути, мојот тим добро играше, имавме шанси на крајот да триумфираме и поубедливо. Знам и верувам дека можеме уште подобро – рече Седлоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот