ВИДЕО: Супер европски Шкупи, чаирчани поблиску до двомеч со Динамо Загреб

Шкупи убедливо со 3:0 славеше во Скопје против Линколн Ред Импс/Фото: facebook.com/lincolnredimpsfc

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје екипата на Шкупи убедливо со 3:0 триумфираше над Линколн Ред Импс во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Играчите предводени од тренерот Гоце Седлоски покажаа на теренот зошто се фаворити во овој двомеч, а тоа ќе се обидат да го докажат и на реваншот кој ќе се игра за седум дена во Гибралтар на 12 јули.

Победникот од овој двомеч во второто квалификациско коло на ЛШ ќе ги одмери силите против хрватскиот првак Динамо Загреб.

На нашиот најголем стадион чаирчани водеа по првото полувреме со головите на Данфа во 11 и Адетунџи во 29 минута.

Во вториот дел предноста можеше да биде уште поголема, Шеји во 53 минута ја погоди стативата, а во 67 минута пречка погоди Адетунџи.

Претходно во 53 минута домаќините останаа со играч помалку поради двата жолти картони на Грузиецот Маргвелашвили.

Но, и покрај тоа, предноста на Шкупи стана поголема во 62 минута кога автогол си постигна Вајсмен.

Лига на шампиони
1. квалификациско коло (прв натпревар)

Шкупи (Македонија) – Линколн Ред Импс (Гибралтар) 3:0

Шкупи: Наумовски, Шеји, Маргвелашвили, Сенгхор, Брдаровски, Алварез, Хамиди (Горгиев 89`), Куевен, Данфа (Златков 76`), Адетунџи, Сефас (Бајрами 59`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот